Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНИКА ВО РУСИЈА ПОРАДИ НЛО! Подигнати борбени авиони, прекинати летови, затворено небо околу Санкт Петербург

ПАНИКА ВО РУСИЈА ПОРАДИ НЛО! Подигнати борбени авиони, прекинати летови, затворено небо околу Санкт Петербург

Рускиот аеродром „Пулково“ во Санкт Петербург привремено ги суспендираше сите летови, објавија градските власти на нивниот канал „Телеграм“. Суспензијата ќе трае неколку часа.

Ројтерс јавува дека голем број домашни летови со летови за Санкт Петербург денеска се враќале на своите дестинации. Најмалку пет авиони на пат од главниот град Москва до Санкт Петербург беа вратени назад кон Москва откако првично кружеа во воздух.

Засега не се соопштува причината за прекинот на летовите. Рускиот информативен сајт База објави дека на небото е забележан неидентификуван летечки објект и дека се испратени борбени авиони.

Гардијан објави дека аеродромот Пулково во Санкт Петербург привремено ги суспендирал сите летови во вторникот, повикувајќи се на изјава на градската влада на Телеграм. Паузата ќе трае до 9:00 часот по Гринич (пладне по локално време).

Сепак, ТАСС јавува дека воздушниот простор на 200 километри од „Пулково“ е затворен до 10:20 часот по Гринич (13:20 часот по локално време).

Авион без екипаж е забележан недалеку од складиште за нафта во рускиот град Туапсе на брегот на Црното Море, каде избувнал пожар во текот на ноќта, соопшти денеска извор од Министерството за вонредни ситуации.

Инцидентот се случил синоќа во 2 часот и 15 минути. Пожарот е локализиран, а потоа целосно изгаснат. Нема извештаи за жртви, оштетувања на резервоари со нафта или излевање.

– Дронот е забележан во близина, но не погодил ништо – рекол изворот.

Нападите со беспилотни летала врз руските градови зачестија од почетокот на војната во Украина.

„Гардијан“ наведува дека градот Туапсе во руската област Краснодар се наоѓа на брегот на Црното Море, јужно од Крим и северно од Сочи. Според непотврдени шпекулации, рафинеријата била погодена во напад со дрон, пишува весникот.

„Вишеград 24“ на „Твитер“ наведува дека украински беспилотни летала нападнале складиште за нафта во Туапсе и дека нападот бил успешен бидејќи складиштето сега е во пламен. Туапсе е оддалечен повеќе од 450 километри од најблиските позиции во Украина.



Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести