ПАНИКА ВО ПАРИЗ: Закана со бомба на најголемата железничка станица
Париската железничка станица „Gare de lEst“ рано утринава била евакуирана и затворена са сообраќај поради закана за бомба, по синоќешната акција на полицијата во која беа уапсени повеќе лица за кои постои сомневање дека се вмешани во терористичките напади.
Оваа железничка станица била во потполност евакуирана откако утринава бил пронајден сомнителен пакет. Париски „Монд“ пишува дека екипи за демонтирање на експлозивни направи веќе се на терен.
Полициските служби соопштиле дека станицата е затворена и евакуирана поради осигурување на безбедноста на граѓаните но не дале дополнителни информации.
Според најновите извештаи од станицата, се очекува ситуацијата да се врати во нормала во наредните неколку часа.
Станува збор за една од најбажните железнички станици во Париз која ја поврзува француската престолнина со другите градови во источните делови од земјата.
Француските власти потврдиле дека во текот на синоќешните рации биле уапсени 12 лица во предградија на Париз, а апсењата биле поврзани со минатонеделните терористички напади.
Во моментов француската полиција испитуба двајца мажи и три жени за „евентуална логистичка поддршка“ која можеби им ја дале на терористите, пред се со оружје и возила.
Рациите се уште се во тек во Монруж, каде Амеди Кулибали уби полициски службеник минатата недела, како и во Грини каде Кулибали одраснал, во Флори – Мержис и во населените места на Епин на Сена северно од Париз.
Слично
