Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНИКА ВО ФРАНЦИЈА: Жена-терорист во лажен труднички стомак криела бомба

ПАНИКА ВО ФРАНЦИЈА: Жена-терорист во лажен труднички стомак криела бомба

Жена маскирана во трудница со лажен стомак, денеска беше уапсена во Франција под сомнение дека планирала да се разнесе со бомба.

Дваесетгодишната жена е Французинка која го примила Исламот, пренесуваат светските медиуми, а полицијата се сомнева дека таа спремала самоубиствен напад.

Жената е уапсена заедно со својот сопруг во нивниот стан, каде е пронајден и лажниот труднички стомак, што го купиле преку интернет.

Таа тврдела дека трудничкиот стомак го купила за да има „подобар третман од луѓето додека патува”. Но, полицијата открила дека лажниот стомак бил обложен со алуминиумска фолија, која може да сокрие објекти од детекторот за метал.

Освен тоа, откриено и дека овој пар многу истражувал на сајтови поврзани со Исламската држава и гледале виде оснимки на интернет поставени од џихадистите, во кои се прикажуваат нивните злочини.

Парот ќе биде во притвор се додека трае истагата.

Слично

Поврзани вести