ПАНИКА ВО ЧЕШКА: Анонимни уценувачи се закануваат со ебола!
Пораката што ги очекувала утрово на електронската пошта ги исплаши чешките функционери и направи да им преседне утринското кафе. Имено, анонимни уценувачи со пораката и се закануваат на целата земја со опасниот вирус ебола.
Нивната порака гласела вака: „Ако не ни исплатите еден милион евра во биткоини, на јавните места во Чешка ќе пуштиме ебола, која ја донесовме директно од Либерија! Ако не одговорите на овој мејл, ќе испратиме соопштение до медиумите и ќе ги информираме луѓето на социјалните мрежи како Твитер, Фејсбук и Јутјуб, за да видат дека чешката Влада воопшто не се грижи“.
Функционерите добиле инструкции парите да ги поделат на три уплати - првата в понеделник, втората в среда, а третата - откако заканувачите ќе го предадат заразениот материја.
Биткоин е електронска валута која често ја користат уценувачите во последно време, бидејќи на тој начин можат да примаат средства кои не можат да се замрзнат, затоа што валутата има шифрирана трансакција која овозможува анонимност.
Чешката полиција тврди дека не излегле во пресрет на барањата на уценувачите и дека не ги сфатиле сериозно. „Го истражуваме овој случај како уцена. Но, тие само сакаат да создадат паника“, вели заменик-шефот на чешката полиција Зденек Лаубе. „Ширење на ебола во Чешка не е веројатно, затоа што и чешката клима не е погодна за ширење на оваа болест“, појаснува шефот на чешкиот санитарен оддел Владимир Валента.
Детективите на чешката полиција откриваат дека уценувачите користеле софистициран систем за комуникации и оти е тешко да им се влезе во траг. Доколку сепак ги пронајдат, на уценувачите им се заканува затворска казна од 10 години.
Слично
