Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНИКА ВО ЧЕШКА - Американец ставен во изолација поради сомневање за ЕБОЛА: Бил во контакт со 26 лица

ПАНИКА ВО ЧЕШКА - Американец ставен во изолација поради сомневање за ЕБОЛА: Бил во контакт со 26 лица

Американски граѓанин е хоспитализиран во болница во Прага, Чешка поради сомнеж дека е заразен со Ебола. Сомнежите дека е носител на оваа опасна заразна болест се поради фактот што престојувал во Конго, а според официјалните лица во Чешка таму тој остварил контакст со најмалку 26 лица за време на престојот во Чешка.

Четириесетгодишниот маж пристигнал во Чешка на 6 мај, откако претходно престојувал во Демократска Република Конго и Руанда. Во петокот вечерта, тој беше транспортиран од болницата во Табор во специјализираниот објект „Булова“ во Прага, каде што беше сместен во специјална биокутија, потврди чешкото Министерство за здравство

- Човекот имал вкупно 26 контакти во Чешка, кои нашите специјалисти успеале да ги идентификуваат. Сите моментално се под надзор и во контакт со епидемиолозите. Никој во Чешка не е во непосредна опасност - изјави Матијас Фошум, директор на Одделот за заштита на јавното здравје, за порталот „novinky.cz“.

Тој е лекуван од лекари во специјални заштитни одела.

Според достапните информации, неколку контакти се здравствени работници и сите се ставени во карантин.

Одлуката за префрлање на пациентот во Прага е донесена врз основа на неговите симптоми и историјата на патувања. Фосум објасни дека човекот останал во Табор кратко време и дека сам дошол во болницата во петокот, по што бил хоспитализиран.

За време на транспортот до Прага, активиран е тим за биолошка закана, а транспортот е извршен под посебни безбедносни мерки.

Од болницата велат дека пациентот е стабилен.

- Тој е сместен во изолација во био-кутија и го лекуваат лекари во специјални заштитни одела кои се деконтаминираат секој пат кога ќе влезат - изјави портпаролката на болницата.


Крвните примероци од пациентот беа испратени во Институтот „Роберт Кох“ во Берлин, а резултатите сè уште се чекаат.

Како се пренесува еболата?

Еболата е ретка, но опасна по живот болест која се пренесува преку контакт со телесни течности на заразени животни или луѓе. Симптомите вклучуваат треска, главоболка, осип, повраќање и крварење.

Еболата е вид на вирусна хеморагична треска, предизвикана од неколку видови на вируси од родот еболавирус. Симптомите на ебола почнуваат како грип, но можат да напредуваат до сериозно повраќање, крварење и невролошки (мозочни и нервни) проблеми.

Еболата може да се прошири на луѓето од лилјаци, нечовечки примати и антилопи. Оттаму може да се шири од човек на човек и да предизвика епидемии. Епидемиите најчесто се јавуваат во делови од Африка.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести