Паника во Брисел поради дојави за бомби
Северната железничка станица и блиската зграда на обвинителството во Брисел попладнево се евакуирани заради дојава за бомби.
Испратено е и предупредување за бомба на железничката станица Брисел-Миди, пишуваат белгиските медиуми.

Зградите на Северната железничка станица и на обвинителството се евакуирани по анонимниот повик во кој беше посочено дека во нив има поставено бомба.
На двете локации има голем број полицајци и војници.
Весникот „Дерниер ер“ наведува дека во зградата на обвинителството е спроведена истрага, но дека бомба не е најдена.
На Северната железничка станица сообраќајот е во прекин и тоа на барање на полицијата. Во меѓувреме 20-тина агенти влегоа во станицата за да ја почнат истрагата.
„Дерниер ер“ пишува дека дојава за бомба пристигнала за уште една бриселска железничка станица - Брисел-Миди.
Властите се внимателни по нападите кои годинава се случија во Брисел.
