Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНИКА ВО БРИСЕЛ: 10 терористи на слобода, двајца веќе спремни за напад

ПАНИКА ВО БРИСЕЛ: 10 терористи на слобода, двајца веќе спремни за напад

Градоначалникот на бриселската општина Шербек Бернар Клерфе ја предупреди белгиската јавност дека во земјата се кријат двајца опасни терористи.

На слобода е и еден од главните осомничени за терористичките напади во Париз, Салах Абдеслам за кој се знае дека по нападите дошол во Белгија.

Белгиската полиција трага по најмалку десет терористи кои се закануваат со напади како во Париз, а двајца од нив на себе носат спремни бомби, јавуваат белгиските медиуми.

Националниот кризен центар на Белгија од вчера прогласи четврто ниво на опасност во земјата и воведе засилени безбедносни мерки.

Слично

Поврзани вести