Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНИКА ВО БЕРЛИН: Напаѓачот на слобода, може пак да нападне

ПАНИКА ВО БЕРЛИН: Напаѓачот на слобода, може пак да нападне

Според германскио весник „Велт“, полицијата уапсила погрешен човек и напаѓачот кој со камион прегази 12 луѓе, а рани  54 од кои 18 потешко, за време на божиќната прослава во Берлин, уште е на слобода.

По првичните информации дека напаѓачот е уапсен и се работи за Пакистанец, полицијата утврдила дека тој не бил зад воланот за време на терористичкиот напад.

„Со ова сме во нова ситуација. Вистинскиот напаѓач е вооружен и е на слобода“ - изјавил полициски службеник за „Велт“.

За 23.годишниот Пакистанец, кој беше првиот осомничен се знае дека на 11.февруари годинава преминал од Австрија во Германија а дозвола за престој добил на 2.јуни.

Тој не се поврзува со „Исламската држава“ и сите информации кои и ги дал на полицијата биле точни.

Канцеларката Ангела Меркел е шокирана и во длабока тага. Меркел денеска излезе со реакција во која вели дека за германските власти ова е терористички напад, но дека Германија не сака да живее во страв.



Слично

Поврзани вести