Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНИКА ВО АНГЛИЈА: Непознат маж по улица бодел луѓе

ПАНИКА ВО АНГЛИЈА: Непознат маж по улица бодел луѓе

Неколку луѓе се избодени со нож на улица во англискиот град Волверхемптон. 

Mаж се движел  по улица и бодел со нож случајни минувачи, по што се самоубил. Од повредените, една жена починала на самото место, додека друга е во животна опасност.

ББЦ повикувајќи се на амбулатната служба објави дека се работи за „сериозен инцидент“ и дека на болнички третман се примени неколку лица.

Весникот „Бирмингем мејл“ пренесува дека една жена на 30 -тина година починала, исто како и напаѓачот кој самиот си пресудил.

Втората жена е на 50 години со критични убоди во стомакот.

Полицијата во текот на акцијата користела шок бомби. Се сомневаат дека се работи за семејно насилство.

Слично

Поврзани вести