Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНИКА: СЗО прогласи вонредна состојба, цел свет загрозен!

ПАНИКА: СЗО прогласи вонредна состојба, цел свет загрозен!

Откако минатата недела Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека Зика вирусот експлозивно се шири, денес следеше прогласување на глобална вонредна состојба.

СЗО соопшти дека вирусот зика, кој го пренесуваат комарците, претставува опасност за јавното здравје во светот, поради што е неопходен итен и единствен одговор.

Светските медиуми објавија дека СЗО вирусот Зика го ставила во иста категорија со еболата, кога меѓународната загриженоста е во прашање.

Ова е соопштено после кризниот состанок на СЗО на кој експертите разгледале дали меѓународните напори со цел сузбивање на епидемијата би требало итно да се зголемат.

Во разговорите учествувале 12 независни членови на комисијата, кои се експерти во областа на епидемиологијата, јавното здравје и заразни болести од Северна и Јужна Америка, Европа, Азија и Африка.

Минатиот четврток генералниот секретар на СЗО Маргарет Чан рекла дека нивото на паника е „екстремно високо“, иако нема докази дека вирусот Зима е одговорен за наглиот број на бебиња родени во Бразил со абнормално мали глави.

СЗО проценува дека во Северна и Јужна Америка во наредната година би можело да бидат дури четири милиони случаи на заболени од тој вирус.

Последен пат СЗО прогласи глобална вонредна состојба во 2014 година поради епидемијата на ебола.

Слично

Поврзани вести