Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паника од чума во Кина – цел град со 30.000 жители ставен во карантин!

Паника од чума во Кина – цел град со 30.000 жители ставен во карантин!
Цел кинески град со 30.000 жители е ставен во карантин откако човек кој живеел во блиско село починал од чума во локалната болница. Кинеската полиција го запечатила стариот град Јумен уште пред една недела. Забрането е секакво движење меѓу центарот на градот и поширокото градско подрачје, а за да не се крши одредбата поставени се чувари на 10 пункта низ градот. Се верува дека никој од жителите на Јуман не е заразен со чума, иако 151 лице можеби биле во контакт со човекот кој починал и се ставени под директно набљудување. Според медиумите во Кина, мажот се заразил со чума убивајќи глодар на полето. Добил треска и бил примен во болница, но починал набрзо потоа. Полицијата веднаш заочнала со операција да го запешати градот, како и родното село и полињата на починатиот. Официјални претставници известиле дека чумата е ставена под ефикасна контрола, а изолираното подрачје има доволно ориз, брашно и масло за еден месец, доколку биде потребно. Чумата е бактериска инфекција која во 14 век уби речиси половина од европската популација и милиони во Кинаво 19 век. Светската здравствена организација ја идентификуваше како една од најсмртоносните заразни болести на светот. Иако денес се достапни антибиотици, без нив пациентот може да умре во рок од 24 часа од инфекцијата.  
Слично

Поврзани вести