Паника на Волстрит: Закана од најголем пад досега за американски компании!
На Волстрит вчера почна сезона на објава на квартални резултати на американските компании, а веќе првиот извештај покажува дека им се заканува најголем пад од финансиската криза од 2009 година.
Цената на акции на најголемиот американски произведувач на алуминиум „Алкое“ паднала вчера повеќе од 4 одсто бидејќи приходите им потонале повеќе од 10 одсто во однос на истиот период лани.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/business/status/652219719299284993/photo/1[/embed]Чистата добивка на компанијата паднала исто така, повеќе од проценките на аналитичарите, од минатогодишните 149 милиони долари на само 44 милиони.
Така сезоната на објава на бизнис резултати на Волстрит почна лошо, а поради ниските цени на нафтата, високиот тек на доларот и слабата побарувачка во светот, добивката на американските компании би можела да падне по прв пат од глобалната финансиска криза која го погоди светот пред 6 години.
