Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паника на небото: Британски ловци над Шкотска пресретнаа руски бомбардер

Паника на небото: Британски ловци над Шкотска пресретнаа руски бомбардер

Британија под паника ги подигна ловците на Кралските воздухопловни сили  (RAF- Royal Air Force ) откако еден авион на руската авијација се приближил до британскиот воздушен простор.

Во денешното соопштение на Министерството за одбрана на Велика Британија велат дека ова е втор ваков случај во оваа недела ловци од типот Тајфун од базата Лузимаут во Шкотска вчера пресретнале авион.

Снимките проследени со соопштението покажуваат еден бомбардер, но од Министерството одбиле да потврдат колку авиони биле вмешани во инцидентот.

Сличен инцидент се случи во средата. НАТО претходно оваа недела пријави зголемен број на руски борбени прелетувања во реонот на Црното, Балтичкото и Северното море како и Атлантикот, кој подразбираа цела група авиони и разновидни видови маневри во меѓународниот воздушен простор. Тензиите помеѓу Русија и Запад пораснале после руската мартовска анексија на полусотровот Крим кој припаѓал на Украина. Пилотите на алијансата пријавиле 100 пресретнувања оваа година, што е три пати повеќе од 2013 година.

Слично

Поврзани вести