Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНИКА: Еболата стигна во САД!

ПАНИКА: Еболата стигна во САД!
Прв случај на лице заразено со ебола на територијата на САД е регистриран во Далас, во сојузната држава Тексас. Здравствените работници велат дека пациентот, чиј идентитет не се објавува, е задржан во изолација. Се претпоставува дека човекот се заразил во Либерија, а во САД допатувал пред речиси две недели во кои бил во контакт со други лица. Заболениот ја напуштил Либерија на 19 септември, а во САД стигнал следниот ден во посета на роднини. За тоа време не покажувал симптоми. Првите симптоми на опасната болест станале видливи на 24 септември, а на 28 септември тој е примен во болницата во Тексас и ставен во изолација. Еболата не е заразна до појавата на симптомите, а потоа се шири со близок контакт со телесни течности од заразена личност. Примениот пациент е во критична состојба, а во Либерија не се занимавал со лекување на заболени од ебола. Ова е првиот пациент кај кого болеста е дијагностицирана во САД. Претходно, двајца американски хуманитарни работници во западна Африка се заразија со оваа болест, но кај нив вирусот беше детектиран уште во Африка, а тие потоа беа префрлени на лекување во САД. Со примена на револуциионерен и нетестиран лек нивната состојба се подобри. Повеќе од 3.000 луѓе во западна Африка умреа од опасниот вирус.  
Слично

Поврзани вести