Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пандемијата нема да заврши никаде додека не заврши насекаде, велат од СЗО

Пандемијата нема да заврши никаде додека не заврши насекаде, велат од СЗО

Пандемијата нема да заврши никаде додека не заврши насекаде, велат од Светската здравствена организација (СЗО). 

Додаваат дека пандемијата не е завршена, иако во одредени земји има солидна имунизација на населението.  Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус,  рече дека во побогатите земји се развива свест дека пандемијата е завршена затоа што имаат голем број вакцинирани, а во другите делови на светот ситуацијата е сериозна.

Предупредува дека новите соеви на вирусот, слабите здравствени системи, половина од примената на мерките за заштита, како и недостигот на медицински средства и вакцини ја влошуваат состојбата во посиромашните земји. Ги повика богатите држави кои имаат вишок вакцини да ги дистрибуираат на сиромашните.

Во светот досега има над 164 милиони ковид случаи. Најголем дел од нив се во САД, Индија, Бразил, Франција, Турција. 

Во моментов најтешка е состојбата во Индија, каде за еден ден има над 4.300 починати од вирусот. 

Слично

Поврзани вести