Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД МОРА ДА ЗАВРШИ ВО 2022: СЗО со оптимизам на последната прес-конференција

ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД МОРА ДА ЗАВРШИ ВО 2022: СЗО со оптимизам на последната прес-конференција

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејезус на последната прес-конференција посветена на корона вирусот за оваа година изјави дека ниту бустер дозите нема да стават крај на пандемијата на ковид, Единствено решение е достапноста на земјите да обезбедат доволно количество вакцини.

-Следната година мора да биде крајот на глобалната пандемија ковид-19. По двегодишно искуство одлично го запознавме вирусот и имаме средства да се бориме против него. Проекциите на Светската здравствена организација покажуваат дека до крајот на првиот квартал од следната година ќе бидат обезбедени вакцини за сите возрасни граѓани во светот, како и засилувачки дози за ризичните групи. Но, за да се надмине пандемијата, најважно е оружјето што го имаме ефикасно да го користиме и да се грижиме за еднаквоста, бидејќи ако не се вакцинира целиот свет, не верувам дека ќе излеземе од оваа ситуација. Ниту една земја не може да излезе од пандемијата со засилувачката доза и тие не се зелено светло за победа над пандемијата како што се предвидува. Важно е да се запамети дека огромното мнозинство од оние кои беа хоспитализирани и починаа не беа вакцинирани, а не оние кои не примија трета доза. Неселективните програми со дополнителни засилувачки дози ги имаат сите шанси да ја продолжат пандемијата пред да ја прекинат со пренасочување на достапните дози на вакцини во земји кои веќе имаат високи стапки на вакцинација, давајќи му на вирусот повеќе можности да се шири и мутира, изјави шефот на СЗО на последната прес-конференција за ковид-19 во оваа година.


Слично

Поврзани вести