Пандемијата на коронавирусот е завршена?
Според германскиот виролог Кристијан Дростен, пандемијата на коронавирусот е завршена и сега постои само ендемска болест. Ова го изјави во интервју за Тагесшпигел, цитиран од ДПА.
„Го доживуваме првиот ендемски бран на вирусот САРС-КоВ-2 за оваа зима, според мене пандемијата е завршена“, изјави тој.
Смета дека имунитетот на населението ќе биде широк и одржлив.Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (УКХСА) денеска објави дека на почетокот на јануари ќе престане да објавува статистички податоци за коронавирусот на двонеделна основа.
Жителите на Пекинг и Шангај се враќаат на работа, по строгите карантини. Вирусот се појави во Вухан во Кина.
Слично
