Пандемијата го скрати животниот век во Европа
Евростат констатира дека пандемијата го скрати очекуваниот животен век во Европа.
Во повеќето земји-членки, мажите се нешто повеќе погодени во однос на скратувањето на животниот век.
Најголемо намалување на очекуваниот животен век е забележано во Шпанија, 1,6 години помалку, потоа во Бугарија, 1,5 година, Литванија, Полска, Романија, 1,4 години помалку. Во Хрватска се очекува пократок животен век за 0,8 години, од 78,6 на 77,8 години. Во Данска и Финска се очекува малку подолг животен век од 0,1 година.
Од 1960-тите, очекуваното траење на животниот век се зголемува за две години во една декада. Сега пак има стагнација и намалување во неколку земји-членки.
foto freepik
Слично
