„Панасоник“ отпушта 10.000 работници
Околу 10.000 работни места се подготвува да укине јапонската електронска компанија „Панасоник“ до крајот на март 2013 година, кога завршува неговата тековна работна година.
- Целта на ваквиот потег е да се намалат производствените трошоци и да се подобри рентабилноста, изјави финансискиот директор на „Панасоник“ Хидеаки Каваи.
Претходно „Панасоник“ веќе го намали бројот на работните места за 36.000.
Слично
