Економија, финансии, бизнис

Контакт

Панасоник го затвора погонот за производство на ТВ екрани

Панасоник го затвора погонот за производство на ТВ екрани
На почетокот од следната година, јапонскиот гигант Панасоник ќе престане да произведува плазма ТВ екрани. До март 2014 ќе се сопре производството во главниот погон за плазма екрани во Амагасаки, а фабриката ќе се понуди на продажба, пишува јапонскиот весник Никеи. Останатите производители како Хитачи и Пионир исто така полека го напуштаат пазарот на плазма телевизори во последните неколку години. Погонот на Панасоник за ТВ екрани во последните две години постојано создава големи загуби. Во претходната фискална година загубата изнесуваше 7,75 милијарди долари.
Слично

Поврзани вести