Panasonic го намалува производството на чипови и подготвува масовни отпуштања надвор од Јапонија
Околу 7.000 вработени во јапонската компанија „Panasoniс“ ќе останат без работа. Имено, компанијата подготвува масовно отпуштање на работници кои се задолжени за производство на чипови.
Како што пренесува јапонскиот дневник „Nikei“, компанијата ќе го намали производството на чипови, поради тоа што во таа област паѓаат маржите заради големата конкуренција, пред се од јужнокорејските компании.
Овој чекор е реализација на одлуката на директорот на „Panasoniс“, Казухира Цугуа да се ослободи од оние делови на производството кои носат ниска маржа и да се фокусира на производството кое на компанијата ќе и обезбеди повисока маржа. Причината за тоа е да се надмине периодот од работењето со загуба.
„Panasoniс“ произведува чипови во две јапонски провинции, Тојама и Нигата, а исто така и во Кина, Индонезија, Малезија и Сингапур.
Отпуштањата најверојатно ќе ги погоди фабриките надвор од Јапонија.
Слично
