Економија, финансии, бизнис

Контакт

Панама: море, палми, даночен рај!

Панама: море, палми, даночен рај!

Во последната деценија панамскaта економија расте со рекордно темпо за регионот на Латинска Америка. Ова се должи главно на експлозивниот раст на странски инвестиции, привлечени од даночните олеснувања и политика на приватност на регистрираните фирми. Една од секои пет офшор компании спомнати во материјалите на меѓународната новинарска истрага „Panama Papers“, се регистрирани во Панама.

Панама е втората најпопуларна јурисдикција за регистрација на офшор компании (на прво место - Британските Девствени острови), наведени во материјалите на меѓународните истражни новинари кои во текот на неколку дена се на насловните страници на светските медиуми.

Панама, со население од околу 4 милиони луѓе, го започна својот економски подем во крајот на 90-тите години. Главните буџетски приходи на земјата доаѓаат од приходи од транспортни услуги поврзани пред се со Панамскиот канал, кој е на второ место во светот за поминување на стоки, по Суецкиот канал. Во последните децении, републиката успеа да ја диверзификува својата економија. Меѓу најдоходовната гранка на Панама, влегува и секторот на финансиски услуги.

Според Светската банка, странските директни инвестиции од 2000 година до 2014 година се зголемиле повеќе од 8 пати од 624 милиони долари до 5,214 милијарди долари. Податоци за 2015 година нема.

Информациите презентирани во платниот биланс на Панама од Националниот статистички институт и попис (INEC) се различни од онаа наведена во материјалите на Светската банка. Според INEC, износот на директните странски инвестиции во Панама е во износ од 4,035 милијарди долари во 2014 година и се зголемил за 17% во 2015 година, до 5,04 милијарди долари.

Уделот на нето прилив на странски директни инвестиции во БДП на Панама се зголемил повеќе од двојно, од 5.4-11.3%.

Економскиот раст поради зголемувањето на странските инвестиции надминува рекордни 10% во последните години (такви се показателите во Панама во периодот 2011 и 2012 година).

Странските инвеститори се привлечени од Централноафриканската република, заради т.н.„Преференцијално оданочување“.

Всушност, оданочувањето практично е отсутно (со исклучок на задолжителните годишни рати), како и проверката на фирмите од јавните органи.

Регистрацијата на фирма во Панама трае неколку дена, со еднократна исплата на надомест во износ од неколку стотици долари.

Потоа треба да се ангажира канцеларија (на пример, во зоната за слободна трговија во Панамскиот канал, каде не се бараат лиценци за вршење на дејност).

Во исто време не се бара регистрација на податоци за реалните сопственици и акционери во државни агенции на Панама.

Властите бараат извештај од државниот регистар на информации за тековните директори на компанијата.

Како што покажува историјата, Панама е местото каде што можете да бидете сигурни дека секоја оф-шор компанија е со гарантирана приватност, што е и една од главните предности, кои привлекуваат инвеститори од целиот свет во даночните засолништа.

И.Р

Слично

Поврзани вести