Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНАМА КОНТРА ТРАМП: Не сакаат да преговараат за каналот

ПАНАМА КОНТРА ТРАМП: Не сакаат да преговараат за каналот

Властите во Панама не сакаат да дискутираат со САД за Панамскиот канал. 

Претседателот на Пaнама, Хозе Раул Мулино, денеска изјави дека нема да разговара за контролата на Панамскиот канал со американскиот државен секретар Марко Рубио, кој треба да ја посети земјата викендов. Тоа ќе биде негова прва официјална посета во странство.

Мулино ова го изјави на неделна прес-конференција, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја преземе контролата врз Панамскиот канал, тврдејќи дека е управуван од Кина. Панамската влада жестоко го негира ова.

САД го изградија каналот на почетокот на 20 век и ѝ ја предадоа контролата на Панама во 1999 година, две децении откако беа потпишани низа договори со кои се гарантира неговата постојана неутралност. Трамп тврди дека овој договор се прекршува и дека Кина го контролира каналот затоа што таму има војници. Тој не презентираше докази за ова. Инаку, Трамп тврди и дека САД плаќаат премногу за транзит низ каналот.

Откако Трамп ја презеде власта, жителите на Панама протестираа и запалија американско знаме, како и слики од Трамп. 

Слично

Поврзани вести