Панама ја затвори границата со Колумбија
Владата на Панама ја затвори границата со Колумбија за кубански мигранти, и стана трета држава во Централна Америка, која ја воведува оваа мерка
„По одлуката на други земји од Централна Америка, Никарагва и Костарика, ние ја презедовме најтешката одлука да ја затвориме границата со Колумбија, за да спречиме преминување на илегални мигранти"- изјави панамскот претседател, Хуан Карлос Вареш.
Целта е да бидат запрени на границата Кубанците без визи. Во понеделникот група кубански илегални мигранти, беа блокирани во Панама по затворањето на границите на Никарагва и Костарика, по што се качија на авион за Мексико со договор меѓу двете страни.
„Решивме со мексиканската Влада да го направиме овој трансфер на 3800 Кубанци од хумани причини, но треба да ги затвориме границата за илегални кубански мигранти"- рече Вареш.
Панамскиот претседател го повика Вашингтон да ја промени миграциската политика. Над 43 000 Кубанци влегле во САД меѓу октомври 2014 година и крајот на септември 2015 година, што претставува зголемување за 78% за една година.
