Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Паметното гласање“ проработи - партијата на власт ја губи Москва

„Паметното гласање“ проработи - партијата на власт ја губи Москва

Прелиминарните резултати од изборите за градски совет во Москва покажуваат дека кандидатите поддржани од лидерот на руската опозиција Алексеј Навални освоиле скоро половина од гласовите, пренесува Асошиејтед Прес.

Со 99 проценти од пребројувањето на гласовите, 20 кандидати, поддржани од Навални, добиваат места на градскиот совет во Москва. Кандидатите поддржани од владата досега контролираа 38 места во општинскиот совет на руската престолнина, што е сериозен удар за владеачката партија „Обединета Русија“.
Изборите за локалниот парламент во Москва го привлекоа вниманието на земјата, откако  десетина независни кандидати не беа дозволени на изборите, предизвикувајќи бран анти-владини протести во текот на летото.

Откако кандидатите на опозицијата не им беа дозволени на изборите, Навални ги повика своите приврзаници да гласаат за список на кандидати кои не се поврзани со „Обединета Русија“.

Слично

Поврзани вести