Паметен бизнисмен - Им продал есенски лисја за големи пари
28 годишниот Кајл Варинг од Бостон нашол интересен бизнис со продавање на пожолтени есенски лисја преку интернет и верувале или не потегот се покажал доста успешен. Купувачи биле пред се луѓе кои во својата околина немаат листопадни дрвја и биле носталгични за есента, па бизнисот „процветал“. Во понудата биле ставени три лисја во еден пакет кој чини неверојатни 19.99 долари, а успеал да продаде дури 600 пакети.

„Заедно со сопругата собираме лисја од различни места и се трудиме да ги најдеме најубавите со најизразени бои. Луѓето се емотивно врзани со есента како годишно време кое им буди различни спомени“ изјави Варинг.
Сега ангажирале и ботаничар со кој заедно прават различни продукти од лисја, кои се конзервираат и им се додаваат уметнички детали.
