ПАЛМИ, МОРЕ И СНЕГ: Зимска радост во Алжир, побеле песочното тло
Некои пустински области во југозападниот дел на Алжир беа
покриени со снежна покривка што го
изненади локалното население бидејќи нема можност често да гледаат такви зимски
услови.
Регионот Башар е претежно познат по својата жолта песочна почва, но жителите на регионот споделуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи на кои се гледа теренот покриен со бел снег.
Локалните медиуми јавуваат дека последниот снег паднал во градот Башар на алжирско-мароканската граница во 2012 година.
Според метеоролошката служба на Алжир, снег се очекува и во други пустински региони, особено во провинцијата Гардаја на југот на земјата.
Од почетокот на зимата северните региони на Алжир се под бурен бран студен воздух, додека многу урбани и рурални патишта се затворени поради снежните врнежи.
Алжир веќе три години се соочува со суша, која предизвика сериозно намалување на водостојот на браните, подземните води и реките, па секој дожд е добредојдено ослободување од аспект на ублажување на овој еколошки предизвик.
EPA/SABRI ELMHEDWI