Палевски имал неколку посети во затворот?
Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска oд Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, речиси еден месец е зад решетки во истражниот затвор ,,Скопје”, откако беше екстрадиран од Турција.
Тој, според информациите на ,,Фокус” имал неколку посети во затворот, односно го посетила сопругата, како и неговиот адвокат. Палевски во обвинителството ги негирал кривичните дела кои му се ставаат на товар. Двојното убиство се случи лани, а Палевски избега во Турција и во декември турските власти го уапсија во градо Баликесир.
Слично
