Палестинците ќе добијат 100 милиони долари од Саудиска Арабија
Саудиска Арабија на Палестинциите од Западниот Брег ќе им додели помош од 100 милиони долари за олеснување на продлабочената буџетска криза, пренесуваат британските медиуми.
Сега претседателот Махмуд Абас се залага да ги убеди арапските земји да ги обезбедат, од нив, ветените месечни 100 милиони долари. Арапските земји го презедоа таквиот ангажман во ноември минатата година, кога Абас практично го обезбеди признавањето на палестинската држава во ОН, но тоа доведе до израелски санкции. Буџетот на палестинската власт има огромен дефицит, затоа што израелската влада како казнена мерка го прекина префрлањето пари, што треба да ги добиваат Палестинците, посочи палестинскиот претседател преку соопштение. Палестинските државни службеници веќе три месеци немаат добиено полна плата, а плановите на владата да ги зголеми приходите, собирајќи ги со години неплатените сметки за електрична енергија и вода од граѓаните, завршија со улични протести.
Слично
