Палестинските здравствени власти соопштија дека загинале 228 луѓе
Расте бројот на убиени во Појасот Газа. Единствената лабораторија за тестирање на вируси е уништена. Здравствените власите стравуваат и понатаму од влошување на состојбата.
Прекинот на огнот меѓу Израел и палестинските екстремистички организации во појасот Газа може да стапи во сила утре, според Волстрит џурнал.
Израел минатиот викенд натрупа војници и тенкови на својата граница со Газа.
Израел денеска започна нов бран воздушни напади врз Појасот Газа, при што се убиени најмалку еден Палестинец, а неколкумина се ранети. Израел продолжува со воената кампања и покрај американските повици за прекин на бомбардирањата.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху се соочува со засилен притисок од Вашингтон, но се чини дека е решен да му нанесе максимална штета на Хамас, кој испука илјадници ракети кон Израел. Експлозии денеска го потресоа градот Газа, како и градот Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа, како и градот Хан Јунис на југ.
Палестинските здравствени власти соопштија дека загинале 228 луѓе. Израел, пак, соопшти дека од нивна страна има 12 загинати.
foto EPA
