Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАЛЕСТИНСКИТЕ СТРАДАЊА ТРААТ 75 ГОДИНИ: Премиерот вели дека Израел врши воени злосторства против палестинскиот народ

ПАЛЕСТИНСКИТЕ СТРАДАЊА ТРААТ 75 ГОДИНИ:  Премиерот вели дека Израел врши воени злосторства против палестинскиот народ

Премиерот на палестинската управа Мухамед Штајех денеска изјави дека палестинските страдања траат 75 години и не започнаа на 7 октомври. 

Тој учествуваше на хуманитарната конференција за Газа во Париз. Тој го обвини Израел за „очигледно кршење на меѓународното право“ и додаде дека се вршат злосторства против палестинскиот народ. Штајех додаде дека т.н. „блокада“ или целосната израелска опсада на Појасот Газа создаде проблеми, вклучувајќи недостиг на храна и обиди за депортирање на жителите на Газа кои работат во Израел. 

„Ние сме жртвата овде. Одбраната не значи окупација на туѓа земја. Она што го прави Израел не е војна против Хамас, туку војна против целиот палестински народ“, рече Штајех. 

Најмалку 10.812 Палестинци, меѓу кои и 4.412 деца, се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, информираше денеска Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас. 

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека неговата држава ќе испрати уште 80 милиони евра во Газа. Франција и претходно испрати помош за Газа. 

Слично

Поврзани вести