Палестинец застрела 8 лица во Ерусалим пред да го убие полицијата
Палестински напаѓач кој пукал од автомобил во движење успеал да рани најмалку осум лица од кои еден полицаец и жена се во критична состојба. При нападот полицијата успеала да го застрела пред напаѓачот да продолжи со стрелбата од неговиот пиштол и да нанесе уште поголема штета.
Најпрво отворил оган врз луѓе кои чекале трамвај во близина на полициска станица, потоа се пуштила потера од полицајци на мотор по што застрелал уште еден полициски службеник и една жена цивил на мотор, за на крај полицијата конечно да го убие. Имал 39 години и доаѓал од Источен Ерусалим.
Слично
