Економија, финансии, бизнис

Контакт

Палестинец загина во судир со израелската војска

Палестинец загина во судир со израелската војска

Погазен e мирот на Блискиот Исток, oткако Палестинец е убиен во судир со израелската војска. 

Израелските сили денеска убија Палестинец за време на конфликт на окупираниот Западен брег, јави палестинското Министерство за здравство. Неколку стотици Палестинци денеска се собраа во близина на Наблус, да протестираат против новите израелски населби. Британските медиуми пишуваат дека некои од нив, маскирани, фрлале камења кон војниците и запалија гуми.

Израелската војска соопшти за „насилни немири” во кои Палестинци палеа оган и гуми и фрлаа камења кон безбедносните сили. 

Тензиите се присутни и покрај примирјето постигнато минатата недела помеѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас во Газа, со кое заврши 11-дневниот воен конфликт. Можно е Израел да одговара за воени злосторства. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја осуди одлуката на Советот на ОН за човекови права за формирање постојана комисија за истрага на наводни повреди на тие права во еврејската држава и на палестинските територии, оценувајќи ја за срамна.

Слично

Поврзани вести