Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПAЛЕСТИНЦИТЕ СО УЛТИМАТУМ ДО ИЗРАЕЛ: Тел Авив е следната мета ако не ги повлечат војниците

ПAЛЕСТИНЦИТЕ СО УЛТИМАТУМ ДО ИЗРАЕЛ: Тел Авив е следната мета ако не ги повлечат војниците

Хамас му даде ултиматум на Израел и предупреди дека Тел Авив е следната мета ако не ги повлечат војниците. 

Палестинските групи за отпор во Газа му дадоа ултиматум на Израел да ги повлече своите сили од џамијата Ал-Акса и населбата Шеик Убадиа. 

Хамас тврди дека денеска се испукани 137 ракети во период од само пет минути во очигледен обид да се спротивстават на одбранбениот систем.  Судирите меѓу Израел и палестинските екстремистички организации ескалираа денес.  Министерството за здравство, со кое управува Хамас објави дека во последните 24 часа се убиени 28 луѓе, а 152 се ранети. Десет деца и една жена беа меѓу убиените, главно во израелски воздушни напади. Израелската армија тврди дека 16 жртви се екстремисти. ОН итно се ангажира на намалување на тензиите меѓу Израел и Палестинците, а генералниот секретар Антонио Гутереш изрази жалење за големиот број жртви, меѓу кои има и деца. По денешното нагло зголемување на бројот на прекуграничните палестински ракетни напади, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе ги интензивира нападите врз појасот Газа, каде што живеат Палестинци.

Дел од медиумите објавуваат дека се испалени ракети кон Тел Авив. 

Слично

Поврзани вести