ПАЛЕСТИНЦИТЕ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ХАМАС: Граѓаните на Газа се заложници на луѓе на кои не им е гајле за нас
Палестинците протестираа против терористичката група Хамас.
Стотици луѓе се приклучија на најголемиот протест против Хамас во Појасот Газа, барајќи групата да се повлече од власта.
Поддржувачите на Хамас ја бранат екстремистичката група, минимизирајќи го значењето на демонстрациите и обвинувајќи ги учесниците дека се предавници.
Протестот во северниот дел на Појасот Газа уследи еден ден откако исламистичката џихадистичка група истрела ракети кон Израел, што предизвика евакуација на големи делови од Беит Лахија.
„Граѓаните на Газа се заложници на луѓе на кои не им е гајле за нас, вклучувајќи го и Хамас“, рече еден од луѓето кои протестираат.
На 7 октомври во 2023 година, Хамас го нападна Израел и војната почна.
foto EPA
