Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ПАЛЕСТИНЦИТЕ ДА ЈА ДОБИЈАТ СВОЈАТА ДРЖАВА - НИКАКО“: Амбасадорката на Израел во Британија тврди дека тие „сакаат држава од река до море“

„ПАЛЕСТИНЦИТЕ ДА ЈА ДОБИЈАТ СВОЈАТА ДРЖАВА - НИКАКО“: Амбасадорката на Израел во Британија тврди дека тие „сакаат држава од река до море“

Ципи Хотовел, амбасадорката на Израел во Обединетото Кралство, рече дека нејзината земја никогаш нема да прифати решение за две држави по завршувањето на војната во Појасот Газа.

Таа го изјави ова во интервју за Sky News.

Еден британски телевизиски новинар инсистираше Хотовел да одговори на прашањето дали Палестинците треба да имаат своја држава.

– Апсолутно не – одговори кратко амбасадорката на Израел во Лондон.


Таа потоа беше прашана како може да има мир без создавање на палестинска држава.

- Израел денес знае, а и светот треба да знае, дека Палестинците никогаш не сакале да имаат држава која ќе постои покрај Израел. Сакаат да имаат земја од река до море. Тоа го кажуваат јасно и гласно – рече Хотовел, мислејќи на добро познатата палестинска парола.

Израелскиот амбасадор потсети дека „поминаа два месеци од почетокот на војната“.

- Палестинската управа (на Западниот Брег) не го осуди масакрот (извршен од Хамас на југот на Израел на 7 октомври). Тоа е навистина голем проблем – изјави Хотовел.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести