Економија, финансии, бизнис

Контакт

Палестинците бараат заштита, велат дека Израел врши геноцид врз нив

Палестинците бараат заштита, велат дека Израел врши геноцид врз нив

Палестинците бараат помош и велат дека Израел врши геноцид врз нив. 

Шефот на дипломатијата, Ријад ал-Малки денеска го обвини Израел за геноцид врз палестинските семејства. Тој ја повика меѓународната заедница да го заштити неговиот народ додека да му биде загарантирана слободата. Апелираше до Генералното собрание на ООН да го повика на одговорност Израел за убивањето невини Палестинци, оценувајќи дека присуството на многу министри, претежно од арапските и исламските земји, испратило јасна порака на денешниот собир - „Стоп за насилството“.

За тврдењето на Израел дека дејствува во самоодбрана, шефот на палестинската дипломатија праша „како окупаторската сила има право да се брани кога цел еден народ под окупација е лишен од истите тие права?“.

Палестинските екстремисти испукаа повеќе од 4.000 ракети кон Израел од Појасот Газа, а Израел одговори со воздушни напади.

Палестинските здравствени власти соопштија дека загинале 228 луѓе.

foto EPA

Слично

Поврзани вести