Палестина: Нема политички отстапки за економска корист
Палестинa нема да направи политички отстапки во замена за економска корист, соопшти денеска пакистанската влада како одговор на вчерашниот предлог на американскиот државен секретар, Џон Кери.
„Нема да прифатиме економијата да биде примарна и единствена компонента. Сакаме се да се случува во рами на политичкиот процес, кој ќе обезбеди формирање на палестинска држава, заснована на границите од 1967 година, со источен Ерусалим, како главен град и со почитување на правата на бегалците и повикот за политичко решение - тоа се приоритетите, се наведува во соопштението на канцеларијата на Мохамед Мустафа, претседател на Палестинскиот инвестициски фонд и советник на претседателот Махмуд Абас.
Американскиот државен секретари вчера на затворањето на седницата на Светскиот економски форум во Јордан изложи план за раст на палестинската економија со привлекување 4 милијарди долари приватни инвестиции. Тој го назначи поранешниот британски премиер и специјален пратеник на т.н. блискоисточна четворка, Тони Блер да го направи планот за достигнување на целта БДП-то на Палестина да се зголеми за 50 отсто за три години и невработеноста да се намали од 22 % на помалку од 10%.
