Економија, финансии, бизнис

Контакт

Палати, јахти, авиони – колкав е имотот на Путин?

Палати, јахти, авиони – колкав е имотот на Путин?

На овогодинешната листа на Форбс за најмоќните луѓе на светот, по трет пат на прво место се најде рускиот лидер.

Форбс оценува дека Путин „продолжува да биде еден од најмоќните луѓе на светот кои можат да прават што сакаат”.

Имотот на Путин има проценета вредност од 70 милијарди долари.

Еве само дел од луксузот што го поседува рускиот претседател.

1. Авиони

11

Покрај претседателскиот авион, изгледа дека Путин сака авиони со секаква големина кои секојдневно ќе му бидат на располагање. Поседува вкупно 43 авиони чија проценета вредност е милијарда долари.

2. Хеликоптери

22

Покрај 43 авиони, рускиот претседател има мерак и за хеликоптери. Најимпресивниот хеликоптер во неговата флота е Mi-8 кој е во потполност прилагоден кон неговите желби, безбедноста и комфорот.

3. Јахти

33

За Владимир Путин една јахта не е доволна. Имено, тој поседува флота која се состои од четири јахти, стратешки распоредени во неговата земја. Неговата најпозната јахта чини околу 37 милиони долари, има професионално дизајниран енетриер, вински подрум исполнет со ексклузивни изданија и базен со водопад.

4. Автомобили

55

Најновиот попис на Путиновата автомобилска флота брои околу 700 возила.  На располагање има дури и Формула1 автомобили. Најскапиот автомобил од неговата флота е специфична лимузина дизајнирана само за него.

5. Часовници

luksuz-business-vladimir-putin (23)

Колекцијата на часовници на Путин вреди повеќе од  750.000 долари. Најскапото парче од неговата колекција е изданието Lange & Sohne, кое е прекриено со кристално стакло и има златни сказалки, а чини околу половина милион долари.

Слично

Поврзани вести