Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАКТ НА ПЕКОЛОТ-ИРАН ЌЕ ИСПРАЌА СТОТИНА ВООРУЖЕНИ ДРОНОВИ НА РУСИЈА: Путин ќе се сретне со претседателот на Иран

ПАКТ НА ПЕКОЛОТ-ИРАН ЌЕ ИСПРАЌА СТОТИНА ВООРУЖЕНИ ДРОНОВИ НА РУСИЈА: Путин ќе се сретне со претседателот на Иран

Рускиот претседател Владимир Путин се очекува да го посети Иран следната недела, пренесува новинската агенција Мехр, повикувајќи се на изјавата на претседателот на Комисијата за економија на иранскиот парламент.

„Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе отпатува за Иран“, објави Комисијата на Твитер. На крајот на јуни Путин лично се сретна со претседателот на Републиката, Ибрахим Раиси за време на Каспискиот самит во Ашхабат.

Инаку, иранската влада планира да испрати „неколку стотици“ беспилотни летала во Русија, од кои некои се вооружени, изјави во понеделникот Џејк Саливан, советник за национална безбедност на американскиот претседател.

Тој за време на попладневниот брифинг во Белата куќа рече дека е убеден дека со поддршка на европските земји, украинската престолнина Киев ќе остане под контрола на украинските власти, пишува Политико.

„Според достапните разузнавачки информации, иранската влада планира да испрати неколку стотици беспилотни летала во Русија по забрзана постапка. Не знаеме дали Иран и претходно испраќал дронови во Русија“, рече тој.

Руските војници би можеле да бидат обучени за брзо користење на технологијата, но тешко е да се одреди прецизна временска рамка, изјави Мајкл Кофман, директор за истражување во Програмата за Русија во Центарот за поморски анализи.

ФОТО: Твитер

Слично

Поврзани вести