Пакистанците масовно ги палат знамињата на Франција!
Илјадници луѓе излегоа денеска на улиците ширум Пакистан протестирајќи против карикатурите на пророкот Мухамед во францускиот весник „Шарли Ебдо“. Припадници на верски и секуларни политички партии излегле на улиците во градовите Лахор, Карачи, Исламбад, Квета, Пешавар, Мултан и многу други.
Демонстрантите палеле француски знамиња, како и кукли во облик на францускиот претседател Франсоа Оланд и карикатуристите на магазинот „Шарли Ебдо“.
Повеќе од 2000 луѓе марширале во Карачи, каде партијата на Џамат е Ислами ораганизиран собир пред мавзолејот на Мохамед Али Џинах, татко на нацијата.
Исто така во Карачи, десетина членови на партијата ја Техрик е Инсаф се собрале пред резиденцијата на францускиот генерален конзул, барајќи од Париз да го забрани весникот „поради ширење на омраза во светот“.
На улиците на Лахоре излегле околу 6000 лица, а во Квета демонстрантите палеле франциско знаме со фотографии и кукли во облик на францускиот претседател, извикувајќи: „Ние не сме Шарли, ние сме Куачи“.
Слично
