Пакистанка полила маж со киселина бидејќи не сакал брак со неа
Жена од Пакистан полила маж со киселина затоа што не сакал да се ожени со неа.
Моми Мај од селото Мултан во централен Пакистан имала четири деца од бракот со работник, но истовремено била во љубовна врска со 24-годишниот Садакат Али, кој бил женет.
Моми сакала да се разведе и да се омажи за Али, за да му стане втора сопруга, но тој ја одбил неколку пати.
При последното одбивање таа го полила со киселина и му причинила 60 проценти изгореници по телото.
Лекарите се обидуваат да го спасат мажот, а жената е уапсена.
Слично
