Пакистанка ja запали ќерка си жива, се омажила од љубов
Пакистанка е уапсена откако ја запали ќерка си со керозин, бидејќи се омажила од љубов.
Ова е трет ваков случај во Пакистан за три месеци, пренесоа американските медиуми и ДПА, повикувајќи се на полицијата.
Драмата се случила во источниот град Лахоре. На крајот на мај Зенат се омажила, а пред три дена мајката и вујкото на девојката ги посетиле, за да се обидат да ја убедат да се врати дома.
За локална телевизија сопругот кажал дека тој и жена му се плашат од најлошото и не ја пушта, бидејќи ќе ја убијат.
Околу 1000 девојки и жени годишно стануваат жртви на „убиства на честа" во Пакистан, бидејќи ги нарушуваат конзервативните норми за љубовта и бракот.
Професорката Марија Садакат беше нападната и запалена минатата недела, бидејќи одбила да се омажи за два пати постар маж од неа.
