Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАКИСТАН ПРЕДИЗВИКА ВЕШТАЧКИ ДОЖД: Сакаат да го исчистат огромното загадување на воздухот

ПАКИСТАН ПРЕДИЗВИКА ВЕШТАЧКИ ДОЖД: Сакаат да го исчистат огромното загадување на воздухот

Вештачки дожд беше искористен денеска во пакистанскиот Лахоре во обид да се исчисти силно загадениот воздух. Тоа е првпат во Пакистан да се спроведе експеримент со вештачки дожд, кој се очекува да донесе револуција во справувањето со опасното ниво на загаденост на воздухот.

„Слаб дожд почна да паѓа во најмалку десет делови на Лахоре“, изјави шефот на пакистанската провинција Пенџаб, Мохсин Накви.

Според Накви, Лахоре често е на врвот на листата на најзагадени градови во светот, а таква била ситуацијата и на денот на самиот експеримент. Тој рече дека властите го следат влијанието на вештачкиот дожд во радиус од 15 километри.

Другите мерки не дадоа резултати

Накви нагласи дека експериментот бил изведен со помош на владата на Обединетите Арапски Емирати.

Тој ѝ кажа на јавноста дека тестирањето на вештачки дожд е безбедно, наведувајќи повеќе од 1.000 такви мисии што годишно ги спроведуваат ОАЕ и слични технологии што ги користат САД и други земји.

Квалитетот на воздухот во Лахоре, главниот град на најнаселената пакистанска провинција Пенџаб, е особено лош во последните неколку недели, а провинциската влада спроведе неколку мерки, вклучително и предвремено затворање на деловните активности и затворање на училиштата на два дена, но ниту една од нив немаше резултати. 

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести