Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пакет-бомба експлодираше во рацете на руски дипломат

Пакет-бомба експлодираше во рацете на руски дипломат

Руски дипломат e повреден со пакет-бомба во Африка.

Mосковската амбасада во Банги за руските медиуми тврди дека висок член на руската дипломатска мисија во Централноафриканската Република (ЦАР) е хоспитализиран по експлозија на пакет-бомба. 

Се работи за Дмитриј Ситиј, кој го предводи локалниот разгранок на „Руска куќа“, мрежа на културни центри под Министерството за надворешни работи.

Пакетот-бомба експлодирала во рацете на Ситиј. Ситиј наводно добивал закани кон него и неговото семејство поради врските на Русија со владата на ЦАР.

Инцидентот се случил во домот на дипломатот. Но, тој е надвор од животна опасност. 

Инаку, писма бомби стигнаа и во украински амбасади, како и крвави пакети се кои се утврди дека се пратени од Германија. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести