Пак проблем со храната во Икеа!
Белгиските санитарни служби ја забранија продажбата на лазањи со месо од дивеч во рестораните на шведскиот ланец супер-маркети „Икеа“, откако во некои од земените примероци биле откриени парчиња свинско месо.
Според претставник на „Икеа“, станува збор само за една пратка со лазњи, но поради превентивни причини воведена е целосна забрана за продажба.Оттаму појаснуваат дека во спорните примероци на лазањи, кои биле произведени од шведска фирма, од вкупното количество на месо на свинското отпаѓале само 1,4 проценти.
Претходно на почетокот на годинава во говедски ќофтиња што се служеа во кафитериите на „Икеа“ во Белгија беше откриено коњско месо. Подоцна во торти од бадем беше утврдено присуство на бактерии кои предизвикуваат цревни заболувања.
