Паѓаат бруто приходите во швајцарските казина
Бруто приходите во казината во Швајцарија паднале за цели 24 отсто за разлика од 2008 година. Минатата година казината во земјата доживеале пад од 8 проценти на 800 милиони долари, покажуваат официјалните податоци.
Градот во Швајцарија, Лугано во дваесетиот век беше многу познат по коцкањето, во кој учествуваа околу 80 отсто Италијанци. Либерализацијата на некогаш строгите правила, придонесоа коцкањето да добие на значење во Италија, каде пак, економијата е во најголема криза во последниве дваесетина години.
Кризата во Италија, заедно со јакнењето на швајцарскиот франк, донесоа тешки времиња во швајцарскиот кантон, Тичино.
Слично
