Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паѓа стапката на невработеност во САД

Паѓа стапката на невработеност во САД
Стапката на невработеност во САД во текот на 2015 година ќе падне од сегашните 6.4 на 6.1 проценти, предвидува Националното здружение na деловни економисти (НАБЕ). Група американски деловни економисти прогнозираат постојан раст на американската економија во наредната година, пред се поради ширењето на производниот сектор и падот на стапката на невработеност, пренесе канадскиот лист Прес. Националното здружение на деловни економисти наведува дека исклучително ладната и снежна зима придонесе за намалување на економскиот раст во изминативе три месеци, но се очекува во текот на 2015 тој тренд да биде сосема обратен. На работната група, која ја сочинуваат 48 економисти, се проценува дека растот од јануари до март ќе достигне само 1,9 проценти, и се потенцира дека растот до крајот на годината би можел да биде околу 3 проценти. Според овие експерти економскиот раст во САД за 2014 ќе биде 2,8 проценти.
Слично

Поврзани вести