Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паѓа рејтингот на Путин, најголем пад за 20 години владеење: Русите губат доверба, делумната мобилизација ќе им се удри од глава?

Паѓа рејтингот на Путин, најголем пад за 20 години владеење: Русите губат доверба, делумната мобилизација ќе им се удри од глава?

Рејтингот на рускиот претседател Владимир Путин падна за пет процентни поени во споредба со последното објавено истражување, што е втор најголем пад на поддршката на народот за лидерот на Кремљ во последните 20 години.

Според резултатите објавени во средата, на 28 септември, рускиот претседател Владимир Путин доживеа пад на рејтингот, втор по големина во последните 20 години колку што е на власт на овој или оној начин.

Истражувањето на една руска независна невладина организација покажа дека 77 отсто од граѓаните на оваа земја се согласуваат и ги одобруваат потезите на шефот на Кремљ, пишува антипутинскиот „Москва тајмс“.

Резултатите од претходното истражување покажаа дека дури 83% од населението ги одобрувало потезите на Путин, за време на инвазијата на Украина.

Рускиот претседател најголемиот пад на рејтингот го доживеа во 2018 година, кога ја подигна старосната граница за пензионирање, што предизвика незадоволство и протести кај граѓаните.

Да потсетиме, Владимир Путин донесе одлука за делумна мобилизација на руската армија, а се проценува дека од тогаш земјата ја напуштиле околу 200.000 Руси, додека мобилизирани се 300.000 граѓани, што предизвика протести и во поголемите градови.

Слично

Поврзани вести