Паѓа продажбата на Кока кола, се најавуваат поскапи цени?
Најголемиот производител на безалкохолни пијалаци во светот Кока Кола забележа пад на добивката во вториот квартал за 4% поради намалената продажба во Европа.
Нето добивка на компанијата е намалена до 2,68 милијарди долари, или 0,59 долари по акција, во однос на 2,79 милијарди долари, или 0,61 долари, една година порано.
Со оглед на слабата побарувачка, главниот извршен директор на компанијата Мухтар Кент најави дека презема потези за зголемување на цените. Обемот на продажба во Европа падна за 4 проценти, а како причина се споменува забавувањето на европските економии. Депресијата на пазарите во Азија и Латинска Америка, исто така ја стави под притисок реализираната продукција од компанијата.
Кока кола се соочи со „голем предизвик од светската економија", изјави Бони Херцог, аналитичар во „Wells Fargo“ од Њујорк.
Обемот на продажбата на компанијата на глобално ниво се зголеми за 1 отсто. За споредба, според Блумберг сеочекуваше раст од 3,3 отсто. Приходите на најголемиот производител на безалкохолни пијалаци во светот се намалија за 2,6% до 12,7 милијарди долари.
Слично
